На регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е се уште во прекин поради пожар

pozar-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е се уште во прекин за сите видови возила, во двата правци, поради пожар.



ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 09.07.2024 11:00 часот, на десна коловозна лента на автопат Скопје – Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај , при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK