Организациската директорка на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Козле, Миранда Шабани, до Министерството за здравство доставила наводи за злоупотреби во Заводот, а Министерството за здравство попладнево преку соопштение до медиумите извести дека ќе ги разгледа наводите и ќе постапи во согласност со законот.
Од Министерството не откриваат какви злоупотреби пријавила директорката Шабани, но нагласуваат дека таа не е повеќе организациска директорка оти и истекол мандатот, нов нема да и биде даден и ќе биде распределена на друго работно место.
Директорката Шабани, пак, најави дека „на писмено“ ќе одговори на прашањата од „Макфакс“ за злоупотребите што ги пријавила и за забелешките на некои од вработените дека не добиле плати. Тие денес повикаа новинарски екипи пред Заводот, но не излегоа јавно да зборуваат.