Се следи состојбата со труењата со минерални води и сокови во Република Хрватска, информираат од Агенцијата за храна во Македонија за „Макфакс“.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), велат од таму, како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи“, истакнуваат од оваа институција.
Информацијата од Агенцијата за храна и ветеринарство следи откако вчера во Хрватска беа изнесени информации за труење со газирани пајалаци.
Веста беше потврдена и од страна на надлежните служби во таа земја.