На Клиниката за дигестивна хирургија пуштена во употреба современа медицинска апаратура во вредност од милион евра

digestivna-kinika-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денеска ја посетија министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменикот министер за здравство, Јовица Андовски по повод пуштање во употреба нова медицинска и немедицинска опрема во хируршките сали, како и на одделот за полуинтензивна нега на оваа клиника. На настанот присуствуваше и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.



„Осовременување на хируршките сали со најсовремени апарати и опрема е поводот за денешната посета во оваа хируршка клиника. Набавена е медицинска и немедицинска опрема во вредност од еден милион евра, обезбедени од Министерството за здравство“, истакна Таравари при посетата на Клиниката.

Станува збор за повеќе современи апарати, како што се: лапараскопски хируршки столб, електрохируршка единица со аргон плазма, апарат за трансфузија, пациент монитори, плазма стерилизатори, и друга опрема.

Со новата медицинска опрема првпат во државата денес се изведе лапароскопска интервенција со употреба на флуоресцентен контраст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK