­

На дел од присутните им се слоши, беше повикана брза помош: Прекинат заедничкиот час на студентите и средношколците во знак на почит кон загинатите во пожарот


f73eebc3-6dac-4727-9233-ee60857cd44a.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со седумминутен молк точно напладне почна собирот на студентите и учениците од средните скопски училишта пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде денеска се одржа заеднички час во знак на почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.


Тие на платото пред УКИМ палеа свеќи и се потпишуваа во кинагата на жалост.

Подоцна заедничкиот час беше прекинат откако на неколку студенти им се слоши и беше побарана интервенција на брзата помош.

Студентите и средношколците останаа на собирот и покрај временските услови а од студентското собрание беше најавено дека собирите ќе продолжат во текот на целата недела а за локациите и времето на собирите дополнително ќе информираат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK