МЗШВ: Со нашето искуство ќе помогнеме Азербејџан успешно да го реализира процесот на консолидација

МЗШВ-Со-нашето-искуство-ќе-помогнеме-Азербејџан-успешно-да-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со претставници на министерството, претставници на државните институции во делот на земјоделството и претставници на ФАО, пред делегацијата на Република Азербејџан ги презентираа позитивните искуства на нашата држава во спроведувањето на процесот за консолидација на земјоделското земјиште.


„Република Северна Македонија е земја лидер во реализирањето на процесот за консолидација, проект кој е започнат уште во 2017 година кога заедно со поддршка на Европската Унија и ФАО започна спроведувањето на проектот МАИНЛАНД во вредност од 2.8 милиони евра. Проектот МАИНЛАНД успешно го завршивме со висока 99% реализација и консолидирани земјишни парцели во 9 подрачја, односно во Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево. Со поддршка од нашите партнери Европската Унија и ФАО, започнавме подготовка и на новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година. Новата стратегија ја одразува нашата определба да продолжиме да ја намалуваме расцепканоста на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделските стопанства“, велат од МЗШВ.

Министерот Николовски изрази задоволство за честа Северна Македонија да биде пример по кој Азербејџан ќе се води низ процесот на консолидација на земјоделското земјиште.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK