Владата на Република Северна Македонија денеска на посебна тематска владина седница за земјоделство донесе повеќе одлуки во интерес на земјоделците.
До крајот на годината следува реализациајта на 30% авансна исплата на субвенциите, новост предвидена со новиот модел за субвенционирање. 40.000 земјоделци ќе бидат исплатени 750 милиони денари, односно 400 милиони денари ќе се исплатат за производителите на полјоделски кутлури, кај градинарството 70 милиони денари, 130 милиони денари за овоштарите и 150 милиони денари исплата кон лозарите.
Млекопроизводителите до крајот на годината на своите сметки ќе ги добијат премиите за произведено и предадено млеко за фазите октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година. Исплата во вредност од 257 милиони денари.
Преку измени во програмата за директни плаќања субвенциите кон лозарите се зголемуваат од 40.000 денари по хектар се зголемува на 52.000 денари по хектар, а дополнително се креира и нова мерка за поддршка на лозарите за произведено винско грозје предадено во регистрирани капацитети за произвдоство на вино во износ од 1 денар по килограм. За реализација на оваа мерка Владата од буџетот обезбеди дополнителни 62 милиони денари.
На денешната тематска владина седница, Владата донесе одлука до 30 декември 2023 да се продолжи рокот за аплицирањето на земјоделците за дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади. Ваквото продолжување следува по барање на земјоделците, со цел навремено аплицирање за дополнителните субвеници.
Земјоделците можат да аплицараат за следните дополнителни мерки
„Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
„Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
„Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
„Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
„Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
„Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
„Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“
Земјоделците своите барања ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб страната од АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk.