МЖСПП во наредните три години претседава со Комисијата за Управување со светското природно и културно наследство во Охридски регион

thumbnail_1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес во Министерство за животна средина и просторно планирањe се одржа првиот конститутивен состанок на новата Комисија за Управување со светско природно и културно наследство во Охридски регион, која е формирана со одлука на Влада од 01.04.2024 година и со која во наредните три години ќе претседава Министерството за животна средина и просторно планирање.


„Министерството за животна средина и просторно планирање, од почетокот на своето постоење, има важна улога на заштитник на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион и зачувување на интегритетот на најстарото и најбогато со биолошка разновидност езеро во Европа. Министерството во континуитет имплементира конкретни активности во делот на заштита на природата што е, исто така, важно како и заштитата на културното наследство“, изјави министерката Шукова, упатувајќи им честитки за именувањето на членовите на новоформираната Комисијата и желби за успех во претстојната работа.

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска, изрази уверување дека новоименуваните членови со своето учество и подговетност ќе обезбедат континуитет во работата на Комисијата, и ќе дадат нов придонес во подигнувањето на стручните стандарди во заштитата на светското наследство на Охридскиот Регион и на неговата исклучителна универзална вредност.

Таа се заблагодари на досегашните членови на Комисијата подвлекувајќи ги важните акти кои се донесени и процесите кои се започнати од нивна страна во изминативе седум години како што се: Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион (2020) и Стратегискиот план за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион (2023 – 2030), Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење во кој се предвидува дека до донесувањето на новите детални урбанистички планови усогласени со режимот на заштита утврден во Законот, во Старото градско јадро на Охрид не може да се градат нови објекти, доградби и надградби.

Со конституирањето на Комисијата за Управување со светско природно и културно наследство во Охридски регион и усвојувањето на деловникот за работа се очекува во најскоро време да се започне со постапување по прашања и предмети кои се во надлежност на Комисијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK