МВР жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација, за Тошковски подгревањето на меѓуетничките тензии е реалност на која работаат службите

Toskovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обидите за подгревање на меѓуетничките тензии се реалност за која надлежните служби проследуваат соодветни информации, рече денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на отворањето на регионален центар за обука во полицискиот центар во Ѓорче Петров. Тој уверува дека Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на предизвици кои ќе бидат насочени кон дестабилизација на земјата.


„Доколку има такви предизвици во иднина, жестоко ќе одговориме. МВР е подготвено соодветно да одговори на секое она дејствие кои ќе биде насочено кон дестабилизација на државата. Многупати досега во јавноста беше истакнато дека службите во рамки на институционалните форми кои што ги имаме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи, а истите беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Сето она кое сме го говореле во минатото од аспект на обиди, видовме дел од нив во овие месец дена, од аспект на обиди за подгревање меѓуетнички тензии, дека се реалност. Соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина“, рече министерот Тошковски.

Под соодветен одговор, министерот Тошковски појасни дека подразбира делување на соодветните капацитети за одговор на обидите за дестабилизација на начин кој што ќе биде потребен за секој граѓанин да се чувствува безбеден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK