Против ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, поднесена е кривична пријава поради за кривично дело „попречување на правдата“.
Во полицискиот билтен за овој случај се наведува дека на 7 мај, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик.
Реакција за случајот стигна од неговиот сопартиец, поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, кој смета дека се работи за политички прогон.
„Заканите и политичкиот прогон од страна на владините партии и државните моноетнички институции се продолжение на стратегијата и напорите да се уништи моќната и легитимна албанска политичка репрезентација и да се замени со сервилни марионети кои ја поткопуваат државната моноетничност во замена за дозвола за развој на маалски политички игри. Истовремено, служи за покривање на 300-те скандали во првите 30 дена кои не вратија 30 години наназад со масовната неспособност и незнаење да ја водиме државата“, пишува Груби.