МВР ќе ги „чешла“ документите за издавањето на лиценци од „Државна лотарија“

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата ќе го проверува работењето на Државна лотарија откако во јавноста излегоа информации дека незаконски давала лиценци за приредување онлајн игри на среќа иако не смеела да го прави тоа бидејќи и била истечена лиценцата.


„Во врска со случајот со ‘Државна лотарија’, Ве информираме дека по добиено известување од Министерството за финансии, во ОСОСК ( оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал) во координација со ОКП (оддел за криминалистичка полиција) оформен е предмет и започната е постапка за проверка на информациите за незаконско издавање на лиценци за приредување игри на среќа од страна на ‘Лотарија на Македонија’“, велат од МВР.

Работењето на Лотарија ќе се проверува, откако претходно по барање на Министерството за финансии Владата одзеде лиценци на две фирми за приредување игри на среќа, едната од Струмица и едната од Скопје.

Лиценците, како што информираа надлежните, им биле одземени за незаконско работење и неподмирување на законските давачки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK