Музејот на Народната банка повторно отворен за јавноста

muzej-nb
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Музејот на Народната банка со својата постојана поставка повторно е отворен за јавноста. Со околу 23 000 монети од различни историски епохи, почнувајќи од почетокот на V век пр. н. е. до денес, Музејот на Народната банка располага со најголемата јавна нумизматичка збирка во државава.

-На простор од 240 квадратни метри се изложени околу 1000 монети од збирката на Музејот, распоредени во 36 витрини. При осмислувањето на постојаната музејска поставка, акцентот e ставен на развојот на монетарните системи и нивните стандарди во општествата коишто оставиле свој белег во историјата на државата. Општествените и културните збиднувања, коишто се одразиле врз иконографијата и дизајнот на парите, исто така имаат свое место во Музејот. Следејќи ги светските трендови поврзани со улогата на централните банки во грижата за сопственото културно наследство, Народната банка во 1999 година започна со откуп на стари и ретки пари од нашите почва преку кој ја изгради денешната единствена збирка. Влегувајќи во ова поле на музејска дејност, Народната банка денес е еден од столбовите во заштитата на движното културно наследство, соопшти Народната банка.


Влезот за посетителите е бесплатен, секој работен ден од 9 до 15 часот, а овозможени се и групни посети со закажување однапред. Повеќе информации за посета на Музејот се достапни на: https://www.nbrm.mk/poseta-na-muzejot.nspx.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK