Музејот на Македонија е во многу лоша, очајна состојба а тоа покажува дека низ годините наназад каков третман имаме кон културното наследство, посочи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
„Во последните 3 години имало 30 заминувања во пензија а всушност е вработено само едно лице и тоа покажува каков е односот спрема нашата култура, традиција и нашето културно наследство“, рече Љутков.
Љутков додаде дека со новата Влада, ќе се залагаат да го вратат сјајот на оваа музејска институција и за таа цел е веќе изработен проект за темелна реконструкција на музејскиот комплекс.
„Последната интервенција е направена во 2010 година. Министерството за култура и туризам веќе е во постапка за добивање на одобрение за градба со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот“, посочи Љутков и додаде:
„Иако многу се ветувало во последните години всушност ништо не се направило за да се подобри состојбата на најстариот музеј во Македонија. Тоа што е шокантно за мене е што галеријата на икони која што е заштитена како посебно значење од прва категорија, од прв степен, всушност после земјотресот во 2016 година кога имало проблеми со кровот и со протекување таа е ставена во депо“.