Муртезани-Туркменоглу: разгледани тековните и идните проекти во земјава

Murtezani-Turkmenoglu2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, Фатих Туркменоглу на која беа разгледани тековните и идните проекти на Банката во земјава, со главен фокус на заедничките развојни приоритети, а со цел напредување на економската агенда на државата.


Во тој контекст, значаен дел од дискусијата беше посветен на Нацрт-Реформската агенда, во светло на предвидените средства од Планот за раст на ЕУ за регионот, од кои речиси половина ќе бидат наменети за проекти во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Муртезани нагласи дека клучните реформи ќе се фокусираат на подобрување на енергетскиот и дигиталниот сектор, образованието, јавната администрација и владеењето на правото, со цел забрзување на имплементацијата на инвестициските проекти до 2027 година.

На состанокот, на кој учествуваше и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, беше потврдена усогласеноста на државата со приоритетите на актуелната стратегија на ЕБОР, која пак се фокусира на конкурентноста, регионалната интеграција и транзицијата кон зелена економија. Двете страни истакнаа дека овие цели се клучни за одржување на активната улога на земјата во глобалниот синџир на снабдување и за поддршка на националната конвергенција.

Муртезани го потенцираше и придонесот на ЕБОР преку Климатскиот инвестициски фонд (CIF), кој ѝ помага на земјата во процесот на зелената и праведната транзиција, во намалувањето на зависноста од јаглен, обезбедувајќи обука за вработените и нивно подготвување за нови работни можности.
Беа разменети мислења и за соработката во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), изразувајќи заемно задоволство од тековната соработка во подготовката и имплементацијата на проекти со кои се поддржува развојот на земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK