Муцунски-Саар: Силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка во економијата, одбраната, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот


2-9.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамките на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар.


На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Соговорниците разговараа за можностите за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

„Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот“, истакна Муцунски по средбата.

По средбата, двајцата министри потпишаа и два значајни билатерални документи – Програма за соработка во областа на образованието, науката, културата, младите и спортот за периодот 2026–2029 година и Меморандум за разбирање за билатерални економски консултации меѓу двете министерства за надворешни работи. Со нив дополнително се зајакнува институционалната рамка за соработка меѓу двете земји.

Муцунски изрази благодарност за солидарноста и поддршката што Израел и израелскиот народ ги покажаа по трагедијата во Кочани.

Во разговорите беше изразена заемна определба за натамошно надградување на партнерството преку конкретни проекти, посилни економски врски и отворање нови можности за соработка во повеќе области.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK