Муцунски на одвоени средби со министрите за надворешни на Литванија и Мароко: во фокусот поддршката на патот кон ЕУ и економската соработка

1-8-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За време на одржувањето на 79-тото Генералното собрание на Обединетите Нации, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, на маргините од ГС, имаше одвоени средби со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис со министерот за надворешни работи, африканска соработка и иселеништво на Кралството Мароко, Насер Бурита.


На средбата со литванскиот колега беше искажано заемно задоволство од развојот на билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период. Од двете страни беше нагласена подготвеност за натамошно унапредување на меѓусебното пријателство и партнерските односи, преку продолжување на интензивниот политички дијалог на сите нивоа.

Министерот Муцунски се заблагодари на континуираната и искрена поддршка на Литванија за евроинтегративните напори на Македонија, нагласувајќи дека земјава е целосно подготвена за започнување преговори за членство во ЕУ, при што тој ја поздрави одлуката за отворање на канцеларија на Литванија во Скопје, која е уште една силна потврда за блиските и пријателски билатерални односи и за заложбите за нивно натамошно унапредување.

Министерот Ландсбергис изрази уверување дека Литванија и во наредниот период ќе продолжи да биде силен поддржувач на нашите евроинтеграции.

На средбата со министерот за надворешни работи, африканска соработка и иселеништво на Кралството Мароко, Насер Бурита, беше нагласен позитивниот развој на односите меѓу двете пријателски држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Во тој контекст беа разменети и мислења за актуелните меѓународни прашања, како и за регионалните теми, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.

Фокусот на двете средби беше ставен и на понатамошното продлабочување на билатерелната соработка, со посебен акцент на зајакнување на економските релации помеѓу двете земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK