­

Муцунски и азербејџанскиот министер разговараа за поголема соработка во економијата, енергетиката, туризмот


makedonija-azerbejdzan.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на првата официјална посета на Баку, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов.


Двајцата министри изразија задоволство од средбата, која е потврда за одличните билатерални односи помеѓу двете земји.

Во фокусот на разговорите беа односите меѓу Република Северна Македонија и Република Азербејџан на билатерално и мултилатерално ниво. Соговорниците изразија задоволство од динамиката на нивниот развој и ги нагласија можностите за продлабочување на соработката, со акцент на економијата, инвестициите, трговската размена, енергетиката и туризмот.

Министрите заеднички потврдија дека одличната политичка соработка помеѓу двете земји е силна основа за зајакнување на дипломатските и економските односи во наредниот период.

Како посебно значаен аспект на средбата, министрите Муцунски и Бајрамов потпишаа Договор за укинување на визниот режим за носители на дипломатски и службени патни исправи, со што се отвораат нови можности за олеснета комуникација и поблиска институционална соработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK