Муцунски го прими новиот шеф на ЕУ делегацијата, Микалис Рокас: акцентирана важноста од што поскора интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ

foto05092024.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската унија, Микалис Рокас.



Посакувајќи му срдечно добредојде на амбасадорот Рокас, Муцунски истакна дека неговата дипломатска мисија започнува во исклучително важен момент за Европската иднина на земјата и во таа смисла, изрази уверување дека со силна заемна посветеност ќе успееме да обезбедиме одлучен напредок на патот кон реализација на нашата стратешка определба за идно членство во ЕУ.

Муцунски го нагласи и задоволството од досегашната континуирана поддршка на Европската унија за унапредување на реформските процеси, стабилноста и просперитетот на земјата, и ја потенцираше нашата подготвеност за натамошно продлабочување на меѓусебното партнерство засновано на заедничките вредности и интереси.

Беше акцентирана и важноста од што поскора интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а во тој контекст беше поздравен и неодамна донесениот План за раст за Западен Балкан како значаен политички и финансиски влог на ЕУ во регионот и дополнителен поттик за остварување на оваа заедничка цел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK