МОН и УНДП ќе продолжат да ги унапредуваат политиките за обезбедување можности за образование за сите

2-10.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ја продолжат добрата соработка во областа на образованието со особен фокус на обезбедувањето квалитетна поддршка за учениците со попреченост, како и образованието на возрасните.  


Ова беше потврдено на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан, на која соговорниците разговараа за тековните состојби во образованието, отпочнатите и планираните активности во насока на подигнување на стандардите на услугите за граѓаните. 

Министерката Јаневска напомена дека промени веќе се случуваат во сите сегменти на образованието, додека пак, Григорјан потврди дека УНДП ќе продолжи да обезбедува поддршка за проектите кои заеднички се реализираат, а ќе се заложат и за стимулација на младите за избор на образование во т.н. СТЕМ области (наука, технологија, инженерство и математика).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK