Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус во земјава и истите можат да се погледнат на следниот линк.
Стипендиите се однесуваат на студенти кои се запишани на втор или трет циклус на студии во земјата, на едно од следниве научни подрачја: природно-математичките науки (биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) или на инженерство и технолошки науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, сообраќај и транспорт, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство, инженерство за заштита на животна средина, инженерство за заштита на работна средина и индустриско инженерство и менаџмент); хуманистички науки; општествени науки.
Сите останати услови можат да се погледнат во конкурсите.
Висината на стипендијата за студии од втор циклус во земјата изнесува 9.000 денари и се исплаќа девет месеци во годината, додека стипендијата за трет циклус на студии чиј износ е 18.000 денари, се доделува за дванаесет месеци во годината.
Аплицирањето е електронски. Студентите кои ги исполнуваат условите, треба да пополнат електронска пријава и да прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 20.2.2026 година.
фото/депозитфотос