Молдавија и Македонија ќе споделуваат искуства од областа на правосудството, со цел побрзо зачленување во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Молдавија и Република Северна Македонија ќе ја интензивираат меѓусебната соработка и ќе споделуваат искуства од областа на правосудството со цел побрзо зачленување во Европската Унија.


Заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ во Загреб одржа билатерална средба со министерката за правда на Молдавија, Вероника Михаилов-Морару на која се дискутираше за европскиот пат кој претстои за двете држави.

Мадиќ ја покани Морару во официјална посета на Министерството за правда и заедно со претставници од двете министерства да се одржи заедничка работилница на која ќе се разменат искуства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK