Модернизацијата на Армијата тече согласно плановите, подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker

misajlovskibrifing-1-2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (08 ноември) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.


На брифингот присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Набавката на овие оклопни возила е во рамките на процесот за модернизација на Армијата и согласно плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година.

На овој брифинг му претходеше еднонеделна заедничка работилница на припадници на Армијата со Институтот за безбедносно управување, Националната гарда од Вермонт и 4та Бригада за асистенција во безбедноста од САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK