­

МНР: Во Канбера одбележани 30 години дипломатски односи со Австралија


3-6-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Австралија, присуствуваше и се обрати на настанот со кој беше одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Австралија.


На настанот свои обраќања имаа и Ана Али, министер за локална самоуправа и млади на Западна Австралија и Касандра Фернандо, пратеник во австралискиот парламент.

Во своето обраќање пред претставниците на македонската заедница, истакнати стопанственици, министри од федералната и регионалната влада, пратеници и претставници на дипломатскиот кор, министерот Муцунски ги истакна позитивните впечатоци од посетата и изрази задоволство од одличните билатерални односи, изградени во изминатите три децении.

Муцунски нагласи дека оваа прва посета на високо политичко ниво по 15 години претставува силна потврда за заемната заложба за интензивирање на политичката, економската, културната и севкупната соработка од заемен интерес. Иако досегашната соработка опфати многу општествени сегменти, тој посочи дека пред двете земји стои голем потенцијал кој допрва треба да се искористи.

Посебен акцент беше ставен на улогата на македонската дијаспора во Австралија, која претставува силен мост меѓу двете земји, поттикнувајќи културни и економски врски. Министерот Муцунски ја истакна важноста на дијаспората како двигател на билатералната соработка и фактор што придонесува кон континуирано јакнење на пријателските односи помеѓу Северна Македонија и Австралија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK