Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е информирано дека вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце се случила сообраќајна незгода во која животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени, се наведува во соопштението.
„Согласно информациите од амбасадата, лицето кое го загубило животот е државјанин на Република Северна Македонија, додека повредените лица се државјани на Република Словенија.
Амбасадата во Белград е во постојана комуникација со надлежните служби на Република Србија и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана“, истакнуваат од МНР.