МНР: Ниту даваме ниту одземаме сертификат за безбедност, за тоа се задолжени други институции

Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи ниту дава ниту одзема сертификат за безбедност. За тоа е задолжена Дирекција за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) која има законска надлежност и обврска, во соработка со други институции, да издаде нов, или да одземе веќе постоечки сертификат за безбедност од било која класа, велат од МНР по реакциите кон ова министерство и поврзаноста со издавањето на сертификат за безбедност на вработените во дипломатијата


Министерството за надворешни работи, додаваат од таму, има обврска да реагира доколку одреден вработен со правосилна одлука остане без сертификат за безбедност.

Појаснуваат дека постапката за поседување сертификат за безбедност е обврска за сите вработени во дипломатијата, и таа се спроведува во континуитет.

„Информираме дека во последното известување од страна на ДБКИ, за двајца вработени во дипломатијата не е одобрен безбедносен сертификат“, се потенцира во дописот од МНР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK