„МНР да престане со замолчување и прогон на своите вработени“, бара Македонскиот Дипломатски Синдикат

„МНР-да-престане-со-замолчување-и-прогон-на-своите-вработени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Македонскиот Дипломатски Синдикат изразува загриженост по наводите искажани од нашиот член Викторија Трајков, дека и е одземен безбедносниот сертификат а воедно и се ускратува законски загарантираното право на дипломатска патна исправа“, велат од МДС.


„Се поставува прашањето дали овие дејствија се реакција поради нејзините јавно искажани ставови кон раководството на министерството.

Синдикатот потсетува дека вакви притисоци беа нотирани и во изминатите неколку години за повеќе колеги по однос на истата проблематика, односно јавен настап вон работно време. МДС смета дека етичкиот кодекс на министерството не смее да го ограничува правото на јавно изразување на мислење и врз основа на тоа спорниот „член 17“ го оспори пред Уставниот Суд на РМ.

Имајќи го во предвид горенаведеното, МДС бара да се преиспита одлуката за ускратување на правото на дипломатска патна исправа на редовно вработен дипломат во министерството а воедно да се престане со притисоци од овој вид“, соопштуваат од Македонскиот Дипломатски Синдикат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK