­

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување


Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите.


Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација со Кабинетот на претседателот на државата.

„Преку официјалниот интерен комуникациски систем, досега девет амбасадори се известени за завршувањето на нивниот мандат. Во наредниот период се очекува Претседателот да ги потпише указите за нивно отповикување“, се вели во соопштението на Министерството.

Нагласија дека целата институционална координација и комуникација, вклучително и онаа со дипломатско-конзуларните претставништва, се одвива исклучиво преку заштитен интерен систем, а не преку електронска пошта.

„Воедно, укажуваме дека во последниот период на социјалните мрежи и во некои медиуми зачестено се појавуваат фабрикувани и неточни фотографии од наводна е-маил комуникација меѓу вработени во Министерството. Со цел расчистување и соодветно процесуирање на овие појави, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија веќе достави пријава и побара интервенција од Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи“, велат од МНР повикувајќи ги медиумите да ја проверат автентичноста пред објавувањето на информациите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK