Младиот Леонид Индов од Виена донесен во Скопје со транспорт организиран на барање на родителите

tr-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Младиот Леонид Индов вчера со хеликоптер од Виена беше транспортиран во Скопје.


Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден 28 јули 2024 година, доцна попладне, беше транспортиран болниот Леонид со хеликоптер од Виена во Скопје.

Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од неговиот татко беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи, за воздухопловен транспорт.

– Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени. Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје, Република Северна Македонија – објаснуваат од ЦУК.

Од таму додаваат дека ова прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер).

– Транспортот со хеликоптер, се остварува согласно договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, на 6 февруари 2024 година од Скопје, за транспорт на конкретното болно лице, Леонид, до клиниката во Виена, Австрија на лекување – потсетуваат од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK