Митева: Ограбена држава, „Лотарија“ на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа

marija-miteva-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дали фирмата од Струмица е директно поврзана со СДС, а фирмата од Скопје со ДУИ? Дали вака СДС и ДУИ ги книжеле милионите под закрила на институциите, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека „Лотарија“ им доделила лиценци за игри на среќа.


Со години фирмите преку игрите на среќа се богателе и тоа прво без законски основ, а сепак со издадена лиценца и второ, без притоа да плаќаат данок, влат од партијата.

Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција праша кој се’ од врвот на СДС и ДУИ ги аминувал и прикривал овој криминал од милионски размери.

„За споредба, во 2018 година бизнисот со игри на среќа свртел 210 милиони евра, а во 2023 година 800 милиони. Или за 5 години овој бизнис се зголемил за цели 600 милиони евра. Ова директно покажува дека во времето на владеење на СДС и ДУИ преку незаконско работење, со добиени лиценци без основ за тоа се заработувале милиони на грбот на граѓаните, а за да биде уште пострашно некој од тие фирми за тоа не плаќал данок. И нервозата во СДС и ДУИ е голема, зошто токму овие две фирми од Струмица и Скопје кои го кршеле законот и не плаќале данок, нема да можат тоа веќе да го прават“, рече Митева.

Дополнително, како што додаде, последните констатации покажуваат дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, и самата не поседувала лиценца но сепак издавала лиценци за приредување на игри на среќа.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK