Мисајловски-Тигањ: Хрватска останува поддржувач за нашата евроинтеграција

misajlovski-tiganj-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Споделуваме заеднички демократски вредности и принципи, владеење на правото, слобода, безбедност и како земји сојузнички активно придонесуваме во регионалните иницијативи со цел зацврстување на регионалната безбедност и стабилност, заклучија министерот Владо Мисајловски и амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба во Министерството за одбрана, на која присуствуваше и одбранбеното аташе полковник Стјепан Домјанчиќ.



Мисајловски упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Хрватска на патот кон нашето членство во Европската Унија, за досегашната успешна соработка со хрватската амбасада и за придонесот на Хрватска со тим и воздухоплов за гаснење на пожарите кои ја зафатија нашата земја.

Амбасадорката Тигањ потенцира дека Хрватска останува на ставот дека треба да бидеме дел од европското семејство и дека имаме континуирана поддршка за нашата евроинтеграција.

Одбранбената соработка меѓу двете земји е одлична и континуирано се унапредува. Соработката на полето на военото образование се реализира преку упатување на припадници на македонската Армија на школувања, обуки и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Република Хрватска и со учество на експерти на полето на односи со јавност во обуките кои ги спроведува Регионалниот центар за односи со јавност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK