Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

misajlovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за да направиме историска победа и шансата да работиме за нашата Татковина. Сега доаѓа време за напорна работа, посветеност и реформи за Македонија да биде повторно горда, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.


-Сакам да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и идниот Претседател на Владата Христијан Мицкоски, за укажаната доверба и чест да бидам министер за одбрана во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, благодарност за поддршката и на извршниот и централниот комитет, но и на сите активисти на партијата и граѓани што секогаш се до мене и се мојата енергија. Силно ќе се заложам за подобрување на условите во македонската армија и подобрувањето на одбранбениот стандард, одбранбената готовност и модернизацијата на армијата, како и подобрување на условите за униформираниот и цивилниот кадар во Министерството за одбрана, посочи тој.

Мисајловски порача дека ќе се заложи односите со нашите стратешки партнери да бидат уште позасилени, а армијата да биде лицето на државата која ќе сведочи за нејзината организираност.

-Можам да ветам дека ќе го дадам и последниот атом за нашата татковина со чесна и макотрпна работа за достоинствена Македонија, истакна Мисајловски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK