Mисајловски на средба со словенечкиот амбасадор

misajlovski-presker-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер и новопоставеното одбранбено аташе полковник Бенсад Шиниковиќ.


„Изразувам огромна благодарност до вас и до вашата држава која повторно, несебично и во најбрзо време одговори на нашиот повик за помош за справување со пожарите“, рече министерот Мисајловски.

Одбранбена соработка меѓу двете земји во континуитет е во нагорна линија, а со потпишувањето на новиот билатерален договор се создадени услови за проширување и надградување на постојните области на соработка, беше потврдено на денешната средба.

Амбасадорот Прескер нагласи дека Словенија изразува јасна поддршка за нашето членство во ЕУ и дека се подготвени да помогнат во реформските процеси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK