Министерството за здравство: Здравствениот систем е целосно мобилизиран


Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици.


„Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување“, велат од Министерството за здравство.

Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните, со единствена цел, заштита на здравјето и безбедноста на населението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK