Министерство за правда: Идната недела ќе се формира работна група за реформа во Судскиот совет

Министерство-за-правда-Идната-недела-ќе-се-формира-работна-група.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за правда известува дека во текот на идната недела ќе биде формирана работна група која ќе има за цел да работи на реформа на Судскиот Совет.



Во работната група ќе бидат вклучени претставници на Здружението на судии, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на академската заедница и експерти од соодветната област. Воедно, во насока на обезбедување на сеопфатност на целиот процес покана за учество во работната група ќе биде доставена и до претставниците на најголемите политички партии во земјата.

Во насока на обезбедување на поголема експедитивност и ажурност, работната група ќе започне со работа веднаш по формирањето, а дополнително до истата ќе бидат доставени забелешките и коментарите од Извештајот од Оценската мисија која од страна на Европската Унија беше спроведена во земјата. Наводите од овие извештаи работната група ќе ги адресира во конкретните законски одредби заради надминување на лоцираните слабости во однос на законските решенија и нивната примена во практиката.

Министерството за правда сака да го истакне значењето од реформата на Судскиот совет како орган кој ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните и целокупната јавност во судскиот систем, велат од оваа институција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK