Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе присуствува на меѓународниот форум на лидери во Чикаго

IMG_20240820_133242_834.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, овие денови престојува во Чикаго за да учествува на Меѓународниот форум на лидери организиран од Националниот демократски институт, извести Министерството.



Меѓународниот форум на лидери е престижен собир на креатори на политики, експерти и активисти од целиот свет посветен на зајакнувањето на демократските институции и промовирањето на доброто владеење. Министерот Андоновски, како дел од оваа група, ќе учествува на панел дискусии за глобалните предизвици и можности, споделувајќи ги македонските искуства во дигиталната трансформација и дискутирајќи можности за меѓународна соработка.

Покрај учеството на Форумот, тој ќе присуствува и на настан организиран од Фондацијата на поранешниот претседател Обама, каде што ќе ги сподели македонските искуства во дигиталната трансформација.

За време на посетата, министерот Андоновски ќе оствари серија билатерални и мултилатерални средби со владини претставници, бизнис лидери и експерти за зајакнување на меѓународните партнерства на Македонија и нови можности за соработка во областа на дигиталната трансформација.

Понатаму, министерот Андоновски ќе ја искористи можноста да се сретне со членовите на македонска дијаспора во Чикаго за да разговараат за нивниот придонес за македонската заедница и потенцијалите за унапредување на соработката меѓу Македонија и дијаспората во САД.

Оваа работна посета на министерот Андоновски е во функција на афирмација на напорите на Владата за дигитална трансформација и зајакнување на меѓународната позиција на Македонија во оваа област, соопшти Министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK