Министерот Мисајловски на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана

misajlovski-4.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе учествува на министерскиот состанок на САД-Јадранската повелба, попозната како групата А5, кој се одржува во Тирана, Албанија.


За време на министерскиот состанок, министерот Мисајловски ќе се обрати на двете работни сесии посветени на безбедносното опкружување во Западниот Балкан и поширокиот регион, политиката на отворени врати на А5, како и иднината на овој успешен регионален механизам за соработка.

Мисајловски во Тирана ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и средба со помошничката секретар за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Селест Валандер.

Предводниците на делегациите на земјите – членки на А5 за време на министерскиот состанок ќе потпишат и заедничка изјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK