Министерот Минчев: Укинувањето на „Балансерот“ не претствува ризик за дестабилизација во државата

mincev_1321321
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во вчерашното гостување на Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во емисијата „Трилинг“ на ТВ24, се дискутираше за актуелните прашања во врска со европските интеграции на Република Македонија, промените во Уставот, како и новите законски решенија за правична застапеност.

Министерот Минчев нагласи дека „Нема сила која може да го натера македонскиот народ да каже дека постои од 1945 година. Нема сила која може да го натера македонскиот народ дека има заедничка историја со Република Бугарија. Нема Македонец кој може да прифати дека Гоце Делчев е Бугарин. Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ, но таму сакаме да влеземе како и сите други – со дигната глава, според Копенгхашките критериуми, базирани на европските начела за еднаквост и рамноправност, бидејќи досега Македонија во рамки на 30 години постоење, направи доволен број на отстапки и жртви. Потенцираше дека се неопходни гаранции од ЕУ, дека внесувањето на бугарскиот народ во Уставот ќе биде последното барање.


Во врска со „Балансерот“, Министерот Минчев изјави: „Балансерот беше предмет на злоуотреба. Ние како министерство, од самиот почеток укажувавме на таа злоупотреба и нашиот став беше дека тој треба постепено во фази, како дигитална алатка, да биде укинат. Тоа го направи Уставниот суд. Гаранција за етничката припадност и нивното вработување во јавната администрација не може да биде ниедна институција, ниту било кој државен орган. Јас тука тргнувам обратно, сосема по друг пристап. Значи гаранцијата за секое вработување на припадниците на сите етнички заедници, мора да се темели на стручност, знаење и квалитет. Можноста да конкурира секој за секое работно место е уставно право“

На прашањето за можните граѓански немири, тој додаде: Тоа е еден популизам од страна на опозициската партија ДУИ. И повторно ќе се навратам, зошто немаше тензии од 2001 до 2015 година. Постоеше ли тогаш „Балансер“? Не.

“Ова што го прави ДУИ, кој постојано го држи општеството во тензија дека нешто ќе се случи, дека ќе се протестира, дека ќе се наруши безбедноста, го нарекувам со работен наслов „ДУИ против ДУИ“. Во рамки на Националната стратегија за реформи на јавната администрација за 2023-2030 година, ДУИ и нивните министри во тогашната Влада констатираа дека “Балнсерот” се злоупотребува и донесоа одлука дека тој треба да биде укинат.” – изјави на крајот Министерот Минчев.

 

Целото интервју со Министерот Минчев, погледнете го на следниот линк: https://triling.mk/видео-минчев-заканите-за-безбедноста/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK