Министерката Петровска во официјална посета на Романија

Министерката-Петровска-во-официјална-посета-на-Романија.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Букурешт ќе ја започне официјалната посета на сојузничка Романија, каде на церемонија со највисоки почести ќе биде пречекана од романскиот министер за национална одбрана, Ангел Тилвар, со кого ќе има тет-а-тет средба, по што е предвидена и средба на двете делегации.


Со министерот Тилвар, министерката Петровска ќе разговара за глобалната и европската безбедносна состојба, придонесот на двете земји во зацврстувањето на безбедноста на Алијансата и безбедноста во регионот, како и развојот на билатералната македонско – романска одбранбена соработка.

Во Романија, во базата „Отопени“, министерката Петровска ќе ги посети македонските војници кои се составен дел она мултинационалните сили на НАТО во оваа земја, во рамките на активностите за зајакната будност на Алијансата. Во оваа база, министерката Петровска ќе биде пречекана од командантот на Мултинационалната бригада – Југоисток, бригадниот генерал Константин Николаеску, а ќе биде брифирана и за мисијата и активностите на мултинационалните сили на Алијансата, соопштуваат од Министерството за одбрана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK