Минчев за балансерот: Каков било коментар од колегите од ВРЕДИ е беспредметен, мора да ги почитуваме законите

Goran-Mincev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не стивнуваат јавните реакции на коалициските партнери во Владата Движење за Македонија ЗНАМ и ВРЕДИ за новиот балансер за вработување во јавната администрација кој ги исклучи од пресметките иселениците и ги намали процентите за застапеност на етничките заедници. Денес министерот за јавна администрација одговори на вчерашните забелешки од ВРЕДИ кои порачаа дека антиалбанската доктрина нема да ја направи ЗНАМ голема партија.


„Балансерот е воопшто злоупотребуван. Тоа значи дека Македонци се пишувале Албанци, Албанци се пишувале Македонци, припадници на другите етнички заедници се пишувале или Македонци или Албанци со цел да се вработат во јавните институции. Целта на балансерот е да има правична застапеност на етничките заедници. Она што како коментар го дадов вчера е почитување и спроведување на законите. ние како министри мораме да ги почитуваме законите. Каков било коментар од колегите од ВРЕДИ е беспредметен. Се надевам дека и нивната интенција е да се почитуваат законите“, рече министерот Минчев денес по дискусијата „Сите за заедно за квалитетна јавна администрација и ефикасен јавен сектор“.

Тој уште еднаш објасни дека новиот балансер е доследно почитување на Законот за вработени во јавниот сектор каде децидно стои дека балансерот се однесува исклучиво на граѓаните на територија на Република Македонија, односно се однесува на резидентното население. Министерот Минчев нагласи дека и покрај многубројните забелешки, тој нема да отстапи од почитување на законите онака како што се напишани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK