Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на собраниска комија која по неколку години ги пополнува испразнетите амбасадорски места во неколку клучни главни градови – Белград, Тел Авив, Пекинг, Бразилија, Варшава, во Берлин и во Букурешт рече дека ставот на државните институции се совпаѓа исто така со ставот на комисијата за надворешна политика во однос на трагичите случувања со терористичкиот напад Израел-Хамас кој што се случи пред кратко време .
„Зрелоста во самото наше општество не создаде услови поделбите кои што некогаш се случуваат и на внатрешен план и гледаме израелскиот-палестински глобален спор да станува домашен и внатрешен спор во Македонија и се надевам дека ќе успееме да го задржиме тоа ниво, да се оддржи нивото на неувезување емотивни кофликти кои имаат своја национална, верска и политичка компонента. Да нема лажни вести и пропаганда, туку народот да чита реални информации“, порача Милошоски.
Како што вели тој, самата организација Хамас, на многу држави на светот е на листата на терористички организации.
„Хамас имаше за цел во координација со други актери да ја спречи тенденцијата на продолжување на склучување на договори за нормализација на односите меѓу Израел и арапските држави во опкружувањето со особен фокус да се попречи воспоставувањето на такви односи со Саудиска Арабија како земја која има најголем политички воен енергетски и дипломатски потенцијал во Блискиот исток. За жал проценката во овој краток период е дека тоа им успева во овој момент, што ќе биде исходот во иднина ќе видиме, но како и да е најбитно за нас ќе биде да да ги претставуваме и штитиме интересите на Македонија, нормално зачувувајчи ги сите нивоа на унапредена и плодна билатерална соработкас која што ја имаме со Израел“, дополни тој.
Милошоски посочи дека во Кина немаме амбасадор седум години, во Србија шест години, во Израел 5,5 години, а во Бразил од април 2020 година. Пратеникот потенцира дека единствениот наш дипломат во амбасадата во Израел Мачеј Качаровски направил натчовечки напори да се спасат нашите државјани по нападот на Хамас.