Миконос, Санторини, Кушадаси, Атина- Крстарење во Октомври

Mikonos-naslovna.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поминете 8 дена на Егејското Море, посетете ги Кушадаси и Ефес на турскиот брег и грчките острови Крит, Санторини, Миконос, Милос, посетете ја Атина. Едно од најпопуларните крстарења кај нас е Идиличниот Егеј. Крстарењето трае 8 дена (7 ноќевања) и вклучува застанувања во Кушадаси (Турција), Хераклион (Крит), Санторини, Миконос, Милос и Пиреа (Атина). Осмиот ден бродот се враќа на почетната точка – Солун.


Октомври е совршен за едно вакво патување. Ја нема гужвата на островите кои во текот на целото лето се преполни со туристи, а вие ќе имате можност поинаку да ги доживеете единствените Санторини и Миконос, да уживате во најубавото зајдисонце.

Кушадаси е најпрометното пристаниште за крстарење во Турција и е едно од најпознатите туристички центри на Егејско Море. Големиот избор на хотели, богатиот и ноќен забавен живот, благата медитеранска клима, неговите плажи го прават Кушадаси една од наајпосакуваните дестинации за одмор. Шаренилото од мали продавници и гостопримливоста на локалните жители се привлечни за секој турист и шопингот е неизбежен.

Крит е втората дестинација од ова крстарење. Крит е остров кој повторно и повторно ве повикува да се вратите. Доволно е само еднаш да го посетите за да се поврзете со него и засекогаш да ве следи во животот. На ова незаборавно крстарење, ќе имате можност да да се запознаете со богатата грчка историја, култура и традиции на локалното население и да ги пробате уникатните специјалитети од локалната кујна.

Санторини е познат како еден од најинтересните грчки острови по својата визуелност – со своите вулкани и бели куќички поставени наспроти живописното сино небо, не е тешко да се разбере зошто. Без разлика дали сте заинтересирани за фотографирање или едноставно само ве воодушевуваат прекрасните погледи, Санторини ќе ве натера да воздивнете на секој агол. Бели или сини фустани, кошули, е она што треба да го имате при посета на овој прекрасен остров. Сувенири има на сите страни, а рестораните и баровите кои се наоѓаат на самата калдрма се секогаш полни.

Островот Миконос е најпрестижната дестинација за одмор. Речиси и да нема светска ѕвезда која не го посетила овој остров. Тој е популарен како место за забава и деноноќни журки, но на островот може да уживате и во вистински луксуз.

Посетата на еден од најсончевите градови во светот токму во октомври е полн погодок. Во Атина, сонцето сјае приближно 270 дена годишно. Атина годишно ја посетуваат околу 18 милиони туристи а Акропол, Партенон и Храмот на Олимпија Зевс се три од многуте атракции што мора да се видат и кои привлекуваат милиони посетители секоја година.

Крстарењето е забава која треба да се доживее. Ноќен клуб, театар, барови, базен, ресторани со изобилство на храна… во ниеден момент нема да ви биде досадно. Нареден термин е 20 октомври со поаѓање од Солун. Бродот нуди можност за сместување во внатрешни и надворешни кабини ( цени од 1309 евра по лице).

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK