Мицоски вели дека одговорност ќе има: „Залудни им се гимнастиките со измените во Кривичниот законик“

Мицоски-вели-дека-одговорност-ќе-има-„Залудни-им-се-гимнастиките.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Залудни им се гимнастиките со измените во Кривичниот законик, јас ви гарантирам дека одговорност ќе има за сето она кое беше направено, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ на средба со граѓаните во Пештани.


Мицкоски истакна дека додека економијата ни е на колена, земјоделците мака мачат, учениците немаат учебници, пензионерите протестираат, а власта заработува на мака на народот и мисли дека ќе се спаси од одговорност.

– Овие од власта една мала група заработува на име на смртта, кога зборувам на тоа мислам на оној последен скандал кој се случи на клиниката за Онкологија. Поминаа месеци и гледате дека нема ниту истрага ниту одговорност за тоа што се случува, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека затоа е важно денеска сите за се обединиме и да застанеме позади ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи.

– Зборувам за сите протестни гласови кои не се случуваат со денешната реалност. Да не дозволиме преку игри, егзибиции и политички гимнастики политички маргиналци да не разделат. На тој начин добивка ќе имаат само овие политички измамници и криминалци во владата и тоа е нивната цел Имаат цел да создадат прокси опозиционери кои ќе кажуваат тоа што сакаат да слушнете. Единствената опција која знае како е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски.

Тој посочи дека затоа не е сеедно дали победата ќе биде со 53, 55 или 61 пратеник.

– Тоа е важно затоа што колку е победата поубедлива, толку повеќе ќе имаме можност за реализација на проекти. Поддршката ќе ја добијат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе ви вратиме со храбра, чесна и достоинствена работа, изјави Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK