Мицкоски: Започнуваме со изградба на нова детска градинка во Гази Баба во која ќе бидат згрижени над 60 дечиња

20072024_MICKOSKI.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски присуствува на поставување на камен темелник за изградба на комплетно нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба.



„Листите на чекање преставуваат сериозен проблем и на овој начин преку изградба на вакви објекти ние го правиме првиот чекор за решавање на проблемот. 19 милиони денари ќе се инвестираат за градба на оваа градинка која ќе има опфат на над 60 дечиња. Но, ова не е единствениот проект кој се реализира за овој крај и оваа општина. Можам да му честитам за посветеноста и ангажираноста на градоначалникот Бобан Стефковски кој во моментов реализира повеќе десетици проекти важни за граѓаните. Се разбира ја користам оваа прилика да им честитам и на советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот, истовремено и на пратениците во македонското Собрание кои грчевито се борат за да можат да обезбедат проект повеќе за општина Гази Баба. Работата е нашиот белег, додека на тазе опозицијата белег е политиката на ниски страсти, кочење и лаги. Ние ќе продолжиме со работа“, рече Мицкоски во своето обраќање.

Детската градинка има капацитет на згрижување на 60 деца, и е на површина од 720 метри квадратни во кои ќе се изградат 3 занимални за деца, административни простории и останати помошни простории.

Вкупна инвестиција на истата во првата фаза ќе изнесува 19.000.000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK