Мицкоски за изборот на Филипче: Не се мешаме во внатрепартиските работи на СДСМ

mickoski3-butel.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како го коментира изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ, рече дека нема да се меша во внатрепартиските работи на СДСМ, бидејќи тоа е работа на органите и членството на партијата.


„Па видете тоа е работа на СДСМ на членството на СДСМ. Ние рековме дека нема да се мешаме, не сакаме тоа да им го правиме на другите, што не сакаме нам другите да ни го прават. На Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работата во интерес на граѓаните и татковината“, рече Мицкоски и додаде:

„Јас и во моето експозе во Парламентот кажав дека секогаш станува збор за интересите на Македонија и македонските граѓани, подавам рака а така ќе биде и во иднина. Членството на СДСМ одлучило така, нас не ни преостанува ништо друго освен таа одлука да ја почитуваме, бидејќи немаме право и не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK