Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции

Mickoski_Aerodrom_1-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.


„Апсолутно како и во сите сектори, така и во земјоделието во овие 100 дена се преземаа многу чекори. Ќе ве потсетам на оние задоцнети плати во двете клучни институции, а тоа се Национални шуми и АД Водостопанство. Се вратија долгови кај земјоделците од повеќе милијарда и двесте педесет милиони денари, тоа се стари долгови, покрај тековните исплати. Понатаму имавме субвенции, одлука за субвенции за килограм продадена пченица, јачмен и така натаму, но исто така можам да кажам дека се постигнаа историски највисоки цени за откуп на грозјето од лозарите и навистина можам да кажам дека досега работите таму полека, но сигурно фаќаат еден природен колосек, тука не смееме да ги потцениме, ниту сливарите коишто исто така беа поддржани од страна на Министерството и од страна на Владата, јаболкарите, видовте беше таму Министерот, разговараше, очекувам исто да биде и со тутунарите. Така што како и во секој сектор, така и таму се случуваат сериозни промени“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK