Мицкоски: Секој функционер, па и јас, е подложен на процедури кога користи комерцијален лет

mickoski-kurti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На скопскиот аеродром се следат јасни и прецизни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови, истакна премиерот Христијан Мицкоски за инцидентот со косовската претседателка, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром, кога одбила безбедносна проверка, а се вмешало обезбдувањето на собранискиот спикер, Африм Гаши, кое им се заканувало на вработените.



Мицкоски по средбата со неговиот косовски колега, Албин Курти, рече дека како македонски премиер и тој е подложен на вакви процедури, но и сите официјални лица. Премиерот рече дека целата ситуација предизвикала чувство за коешто жалиме и не сакаме да се повтори.

Мицкоски кажа дека Османи е добредојдена во земјата и лично следниот пат ќе ја пречека на аеродромот и ќе ја придружува за да се избегнат инциденти особено, како што рече, од поединци кои се наш домашен проблем.

Македонскот премиер истакна и дека добрососедските односи се двонасочна улица, оценувајќи дека дипломатските односи со Косово не се нарушени.

Османи и во минатото правела инциденти, кога при патување со комерцијален лет одбивала да ги предаде приватниот телефон и рачниот багаж на безбедносна контрола на скенер, а нејзиното обезбедување се расправало со вработените.

Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK