Мицкоски: Пуштена е делницата Градско- Дреново, Македонија се сака со дела

14012025_MICKOSKI-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски на денешното свечено пуштање во употреба на експресниот пат Градско-Дреново истакна со пуштањето на овој пат, како и дел од пругата кон Бугарија и патот Куманово- Крива Паланка се проекти кои ќе го одбележат почетокот на оваа година.


„Ќе продолжиме и понатаму да ги развиваме проектите, тоа е многу значајно за нас бидејќи ние сме земја која што во суштина нема излез на море, не изобилува со некои ресурси како нафта и гас и тоа во одредена смисла на зборот претставува некаков недостаток. Но тоа кое што ние го имаме, другите балкански земјо го немаат, а тоа е дека ние сме природна раскрсница на многу важни два паневропски коридори. Тоа се Коридор 8 и Коридор 10“, рече Мицкоски.

Посочи дека продолжува проектирањето на делот до Прилеп преку Плетвар, а истовремено со несмалена динамика продолжува изградбата на автопатот од Прилеп до Битола.

„Се обидуваме да најдеме начин како да обезбедиме средства да ја завршиме обиколницата околу Битола до ГП Меџитлија со што на еден брз начин би се кориостела и оваа отсечка на Коридорот 10 преку која милиони возила годишно сообраќаат. Продолжуваме и со изградбата на Коридорот 8, со несмелена динамика се градеше до пред да заврне снегот на автопатот кој Кичево ќе го поврзе со Охрид. Очекувам дека отсечката од Врбјани до Охртид, со можеби мало исклучување кај Ботун, да биде пуштена на почетокот од оваа туристичка сезона, а целосно таа делница да биде затворена до крајот на 2026-та година“, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека на тој начин се гради и се сака татковината.

„На тој начин ние правиме подобри услови за граѓаните и на тој начин ние ќе продолжиме да работиме затоа што само така ќе покажеме дека принципот како до сега заврши и остана на една друга страна од нашето минато и дека сега е моментот кога ја градиме државата и на тој начин Македонија се сака со дела и Македонија ќе биде повторно горда“, истакна Мицкоски.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK