„Мицкоски повторно колечни пред Гаши кој не го почитува Деловникот за Законот за бранители“, велат од СДСМ

hristijan-mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Согласно Деловникот на Собранието, откако претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вчера не закажа расправа за овој закон во рок од 24 часа, обврската е на Африм Гаши да го направи тоа“, велат од СДСМ.


„Како што Гаши ја закажа за денеска седницата на Комисијата за финансирање и буџет во врска со задолжувањето од унгарската банка, исто така треба да ја закаже и седницата на оваа комисија.

Дали Мицкоски повторно ќе коленичи и замолчи пред Гаши за игнорирање на Деловникот заради политички причини? Ќе извисат ли бранителите заради спас на Гаши и желбите на ВЛЕН?

Ако Мицкоски вели дека треба дава недвосмислена поддршка за бранителите, еве му можност тоа да го докаже. Нека му се јави на Гаши да го стави Законот на комисиска расправа“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK