­

Мицкоски по средбата со Филипче: „Државата мора да биде во служба на граѓаните, и да се случат коренити реформи на системот


14082024-Mickoski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче.


Беше истакната потребата да се работи на заедничката иднина за граѓаните, како и да се работи на консензус меѓу различните страни за клучните прашања за државата и добробит на сите граѓани.

Во тој контекст неопходно е да се мобилизираат сите напредни поединци и структури кој можат да дадат придонес на патот за развој на земјата.

Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање, при што Мицкоски побара од Филипче да се потруди да биде конструктивен фактор во определбата за промени, реформи и напредок.

„Државата мора да биде во служба на граѓаните, и да се случат коренити реформи на системот од кој граѓаните се незадоволни“, истакна Мицкоски на средбата.

Соговорниците се договорија да се формираат работни групи кои ќе разговараат за реформските законски решенија кои треба да ги гарантираат заложбите за напредок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK