Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце, историски момент за државата


mickoski-kurti.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Добредојдовте на еден проект којшто за сите нас е историски — проект којшто во вистинска смисла на зборот историски, изминативе повеќе од две децении ни беше претставуван дека само што не почнал да се реализира. Но, еве, денеска сите сме овде сведоци на почетокот на реализацијата на овој проект, нешто што оваа Влада го имаше како свој приоритет пред некои 25-26 месеци кога беше избрана во македонското Собрание“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.


„Би сакал да ја искористам оваа прилика, иако имав формален говор, да кажам три работи коишто мислам дека досега не беа споменати. Не би сакал да се повторувам со претходните говорници околу должината на оваа автопатска делница, цената на чинење, од каде се финансиските ресурси, кои се институциите коишто го движат овој проект итн. Сите овие создадоа еден проект што за нас ќе биде од особено значење. Зборувам за нашите две земји, Република Косово и Македонија — за граѓаните помеѓу двете земји ќе значи подобра економија, подобро поврзување, подобар транспорт, подобра размена, нешто што претставува исклучително важен атрибут, посебно во 21 век и во корелација со нашите стратешки приоритети како Влада. За тие стратешки приоритети зборуваше и потпретседателот Николовски: бидејќи сме земја којашто не излегува на море, како држава да бидеме раскрсница на два многу значајни паневропски коридори, а тоа се Коридорот 8 и Коридорот 10.

Мојата прва порака којашто денеска сакам да ја испратам е дека по нешто повеќе од 20 години овој проект станува реалност. Реалност на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, ветување коешто беше дадено на почетокот на оваа Влада, беше дел од клучните приоритети на работата на оваа Влада и очекувам многу скоро од денеска да видиме значителен прогрес на работите на терен и во рекордно време, се разбира, овој проект да биде реализиран. Исто така, во рамките на оваа прва порака, би сакал да го изразам своето задоволство што македонска компанија ќе ги изведува градежните работи на овој проект. Тоа значит дека ќе имаме дополнителна додадена вредност во македонската економија, повеќе работни места за македонските граѓани — нешто коешто претставува еден од врвните приоритети на оваа Влада.

Втората работа и порака којашто исто така сакам денеска да ја испратам е дека денеска тука нема да застанеме. Многу скоро од денеска продолжуваме со уште една автопатска делница којашто е дел од Коридорот 8. Се надевам многу скоро од денеска ќе можеме да присуствуваме на еден ваков настан којшто ќе го поврзе местото Букојчани со автопатот којшто очекувам на почетокот од следната година да го пуштиме, а тоа е Кичево – Охрид, односно од Букојчани до Кичево. Со тоа во еден момент ќе се создадат услови на територијата на државата да се градат 6 автопатски делници, нешто што досега никогаш во минатото не се случило. Тоа се делницата од Блаце до Скопје, делницата Тетово – Гостивар, од Гостивар до Букојчани, од Букојчани до Кичево, од Кичево до Охрид и од Прилеп до Битола, нешто што навистина претставува историски момент за нас граѓаните, но и за државата генерално.

И третата порака којашто сакам денеска да ја испратам, а којашто мислам дека е многу значајна, е тоа дека кога градите улица, кога градите пат, кога градите автопат — вие градите иднина. Ние денеска отпочнуваме да градиме иднина, иднина за нашите млади. Бидејќи во политиката политичарите се минливи, ги ценат по она коешто ќе го остават зад себе и делата коишто ги оставаат зад себе. Ние како политичари во оваа наша македонска Влада мислам дека ќе оставиме капитални проекти, капитални дела коишто ќе ја одредат иднината на државата и ќе обезбедат иднина за младите. Наместо иднината и своите семејства да ги градат надвор од сопствената татковина, ова ќе биде мотив повеќе да останат тука дома, а оние коишто заминаа — да се погрижиме да ги вратиме тука дома и заедно од дома да се бориме за нашата заедничка татковина“, изјави премиерот Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

(Видео) Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.